Полицијата откри 80 мигранти, од кои 79 од Пакистан и 1 од Еритреја, кои биле превезувани во камион со скопски регистарски таблички на регионалниот пат Неготино-Градско.
Веднаш по застанувањето, возачот А.Ф. од скопското село Визбегово побегнал, но, набргу бил пронајден и приведен. МВР извршила увид, а за настанот бил известен Јавен обвинител, по чија наредба против возачот била поднесена кривична пријава, поради основи на сомневање за сторено кривично дело.
По наредба на Јавниот обвинител, мигрантите ќе бидат сместен во Прифатниот транзитен центар „Винојуг“ – Гевгелија.