Полицијата пред неполн час го уапсила мажот осомничен за вчерашното убиство во Гостивар на неговата 60-годишна сопруга.
Од МВР велат дека го пронашле и уапсиле осомничениот околу 17:30 часот над гостиварското село Страјане и во моментов го носат во полициска станица.
Уапсениот е на возраст од 67-години, а убиството за кое се товари беше пријавено вчера околу 7 часот. Според информациите кои вчера ги соопштија од Основното јавно обвинителство во Гостивар, тоа било извршено со нож и секира. Трагичниот настан го пријавил синот на жртвата.
Според првичните сознанија на Обвинителството, осомничениот прво ја нападнал оштетената, па со секира и нож ѝ нанел повеќе убодни рани по телото. Двајцата подолго време имале нарушени односи.