Полицаец од Крива Паланка е приведен во полиција, откако било пријавено дека пред угостителски објект во градот стрелал во воздух со службениот пиштол.
Како што соопшти МВР, ноќеска во 01.10 часот по полноќ, во Полициската станица – Крива Паланка било пријавено дека во близина на угостителски објект на улицата ,,Св.Јоаким Осоговски“ Т.Т., полициски службеник, испукал пет куршуми во воздух од службен пиштол, по што го напуштил местото на настанот.
Како што соопшти МВР, подоцна полициски службеници го лишиле Т.Т. од слобода, а кај него и во патничко моторно возило „пежо“ што го управувал биле пронајдени и одземени: пиштол „ЦЗ“ калибар 9 мм, една рамка за муниција за пиштол „ЦЗ“, 10 куршуми кал. 9мм, една рамка со 30 куршуми кал. 7,62мм и лични предмети, а од местото на настанот биле подигнати две испукани чаури кал.9мм за понатамошна постапка.
Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Крива Паланка. За настанот е известен Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, и се преземаат мерки за расчистување на случајот.