Ромското здружение „Аваја“ информира дека успеало да изнајде решение и донација за гинеколошката амбуланта за ангажирање на медицинска сестра во првите шест месеци за пружање на медицински услуги на повеќе од 10 илјади жени Ромки од Шуто Оризари
Поликлиниката Шуто Оризари од денеска добива нова гинеколошко-акушерска ординација, што би требало да ги надмине проблемите на жените од оваа општина за пристапот до гинеколошки услуги.
Ромското здружение „Аваја“ информира дека успеало да изнајде решение и донација за гинеколошката амбуланта за ангажирање на медицинска сестра во првите шест месеци за пружање на медицински услуги на повеќе од 10 илјади жени Ромки од Шуто Оризари.
По истекот на шесте месеци, пак, медицинската сестра ќе биде ангажирана од страна на самата гинеколошко-акушерска ординација.
На денешното отворање на гинеколошката ординација се очекува да присуствува и министерот за здравство Беким Сали.