Порталот Алмакос повикувајќи се на добро информирани избори во македонското Министерство за надворешни работи ги објави имињата на тројцата руски дипломати, кои како што објави амбасадата и Министерството за надворешни работи на Русија се прогласени за непожелни во земјава. Според порталот, тие ќе бидат протерани од државата поради несоодветни дипломатски дејствија
Во меѓувреме порталот „Религија.мк“ дознава дека покрај тројцата руски дипломати забрана за влез во земјава добил и руски архимандрит. Според порталот, станува збор за шефот на руското црковно предворје во Софија Васијан Змеев кој изминатава година имал интензивни посети на земјава и средби со претставници на МПЦ – ОА
Политичките советници И. Хропјалков, А. Рождевсдвенски и аташето С. Попов се надовно имињата на тројцата дипломати на Русија во земјава кои македонските власти ги прогласиле за персона нон грата, за што попладнево информираше руската амбасада преку објава на социјалната мрежа „X“ (претходно Твитер).

Имињата ги објави порталот „Алмакос“, повикувајќи се добро информирани извори во Министерството за надворешни работи на С Македонија.
Според информациите на порталот, тројцата дипломати се прогласени за непожелни и ќе бидат протерани од државата, бидејќи го прекршиле дипломатскиот код со сомнителна активност и со несоодветни дипломатски дејствија.
Како што пишува Алмакос, повикувајќи се на свои извори, овие лица вршеле дејствија спртовни на Виенската конвенција за дипломатски односи и во следните пет дена треба да ја напуштат територијата на Република Северна Македонија.
Во меѓувреме порталот „Религија.мк“ дознава дека покрај тројцата руски дипломати забрана за влез во земјава добил и руски архимандрит.
Според порталот станува збор за шефот на руското црковно предворје во Софија Васијан Змеев.
Инаку, идентична информација за архимадритот пренесе и порталот „Алмакос“.
Змеев, како што пишува „Религија.мк“ е рускиот црковен претставник на Московската патријаршија, кој изминатава година имал интензивни посети на земјава и зачестени средби високи претставници на Македонската православна црква – Окридска архиепископија (МПЦ-ОА).
Тој ја имал улогата на координатор на руските црковни политики на Балканот, со оосбено влијание во Бугарија и во С Македонија.

Според неофицијални информации на порталот, негова заслуга бил застојот во односите со Вселенската патријаршија за целосно признавање на автокефалноста на МПЦ-ОА.
Инаку, неодамна претседателот на државата Стево Пендаровски во интервју обелодени дека македонските служби имаат информации од партнерите во НАТО дека има налепени руски елементи и тоа во највисокото раководство на Синодот кои соработуваат со руските служби.
„Во највисокото раководство на Синодот, не мислам на поглаварот. Јас знам и тоа сум им го кажувал на највисоките црковни достојници. Се базирам на извештаите на органите кои се бават со таа работа. Не само на Агенцијата за разузнавање, членка сме на НАТО, од 30 други земји, од 30 други служби добивам информации бидејќи сме дел од тој заеднички систем за споделување на информацииод разузнавачки и безбедносен карактер. Ние немаме таква сила од тука во Скопје да знаеме што се случува во Кремљ, меѓутоа во тоа партнерство ни помагаат доста и имаме доволно информации што се случува“,
рече Пендаровски кон крајот на јуни во интервју за ТВ 24.
Попладнево, како што објавивме, амбасадата на Руската Федерација во земјава преку објава на социјалната мрежа „X“ (претходно Твитер) пренесувајќи коментар на портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, соопшти дека македонските власти на 12 септември прогласиле за перосна нон грата тројца руски дипломати, без објаснување на причините.
Русија прогласувањето на тројцата дипломати за непожелни го оцени како неодговорен и непријателски чин и најавува дека нема да остане без одговор.
Коментарот на Захарова е објавен и на официјалната интернет-страница на руското Министерство за надворешни работи.
„Одлуката за протерување на нашите колеги ја сметаме за несоодветна желба на раководството на оваа земја уште еднаш да им ја покаже на западните чувари нејзината важност во борбата против имагинарната ‘руска закана’. Неодговорниот и непријателски чекор на северномакедонските власти нема да остане без одговор“,
наведува Захарова во коментарот.
Засега од македонската страна нема официјална потврда за ваквиот потег.