Новата цена по која од ноќеска ќе се продава БС-95 е 80 денари за литар
За два денари по литар од ноќеска на полноќ поевтинува бензинот еуросупер БС-95. Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), цените на останатите горива денеска нема да се менуваат.

Новата цена по која од ноќеска на полноќ ќе се продава БС-95 е 80 денари за литар.
Литар еуросупер БС-98 и натаму ќе се продава по 82 денари, дизелот ќе чини 73 денари за литар, Екстра лесното масло ќе се продава за 72 денари за литар, а килограм мазут за 43,209 денари.