Полицијата потврди дека имало неколку пријави за нарушување на јавниот ред и мир и дека шест лица биле приведени во Никшиќ доцна попладнето
Неколку лица се повредени во Подгорица во текот на ноќта во судирите меѓу ДПС и приврзаниците на опозицијата, објавија медиумите во Подгорица.
Според „Вијести“, сериозен инцидент спречила полицијата, која ги разделила двете групи. Летале, шишиња, чаши, пепелници.
Полицијата потврди дека имало неколку пријави за нарушување на јавниот ред и мир и дека шест лица биле приведени во Никшиќ доцна попладнето.
Во центарот на Подгорица, за време на прославата на приврзаниците на опозицијата, била нападната екипата на ТВ Црна Гора (ТВЦГ), чие возило било оштетено.
Лидерот на коалицијата „За иднината на Црна Гора“, Здравко Кривокапиќ, ги повика граѓаните што прославуваат на улиците низ Црна Гора да се вратат во своите домови и таму да продолжат со славење.
„Поради проверена информација дека значителен број платени провокатори се обидуваат да предизвикаат инциденти и непријатни настани, како во Подгорица така и во другите градови на Црна Гора, ги повикувам граѓаните да се вратат во своите домови и да продолжат да слават таму“,
објави Кривокапиќ на Фејсбук.
Тој додаде дека не смеат да дозволат никакво оправдување за режимот во заминување да ги побие непобитните резултати на изборите и народната волја.
Лидерите на трите опозициски партии кои освоија мнозинство на парламентарните избори во Црна Гора се согласија да работат на формирање експертска влада.