Потрагата по исчезнатите беше отежната во саботата поради пожарот што избувна во урнатините
Меѓу исчезнатите има државјани на Канада, Аргентина, Уругвај и Парагвај
Во неодамнешното делумно уривање на станбена зграда во близина на Мајами досега загинаа пет лица, но 156 се водат како исчезнати, објавиа американските власти.
„Спасувачките екипи пронајдоа пет тела, додека 156 лица се исчезнати“, соопштија властите на американската сојузна држава Флорида, каде во четвртокот се урна дел од зградата на 12 ката.
Потрагата по исчезнатите беше отежната во саботата поради пожарот што избувна во урнатините.
Меѓу исчезнатите има државјани на Канада, Аргентина, Уругвај и Парагвај.
Засега не се познати причините за уривањето на делот од зградата во кој имало околу 55 станови. Градските власти соопштија дека зградата, според извештајот од 2018 година, имала големи структурни оштетувања и пукнатини во ѕидовите на подрумот, а во меѓувреме се правела некаква реконструкција на покривот.
Бројот на жртвите кои секојдневно се извлекуваат расте, а се зголемува и списокот на исчезнат, кој на почетокот беше 50 лица, за сега да стигне до над 150.