На отворањето на Форумот ќе присуствуваат и министрите за екологија и европски интеграции, како и амбасадорот на ЕУ во Македонија, Дејвид Гир. Форумот воедно ќе биде инцицијација на заедничка платформа за меѓусебна соработка меѓу граѓанските организации од регионот на Преспа со цел заеднички да конкурираат на повиците за искористување на европскиот фонд за Преспа тежок 18 милиони евра, а наменети за одржување и развој на богатото природно богатство и цивилизациски значајното културно наследство
Под мотото „Обединети за Преспа“ од 12 до 14 јули на брегот на Преспанското Езеро, во Претор ќе се одржи Форумот за развој на Преспа кој ќе ги обедини граѓанските организации, како и сите други релевантни фактори од трите држави кои ги делат водите на ова езеро.

Невладини организации и општините од трите држави кои ја делат Преспа, како организатори на овој настан се обединуваат за спас на овој уникетен екосистем.
„Преспанското Езеро и неговиот уникатен и богат екосистем се во длабока криза која претставува опасна закана за овој регион познат по богатството на своите природни ресурси. Преспа ја делат Македонија, Албанија и Грција и ниту една од овие три држави сама за себе не е во можност да развие систем кој ќе го спречи сѐ поголемото повлекување на водите од езерото предизвикано од климатските промени, но и од човечкиот фактор“,
информираат организаторите на форумот.
На Форумот во Претор гости ќе бидат и претставници од Фондацијата на езерото Констанц кое заедно со Преспанското се единствени езера во Европа чии брегови се протегаат на територијата на три држави. Во случајот на езерото Констанц тоа се Швајцарија, Германија и Австрија.
„Оваа Фондација има повеќедеценсико искуство во одржувањето на единствениот екосистем на езерото Констанц. На Форумот за развој на Преспа гостите од овие три држави ќе ги презентираат своите искуства од начинот на кој работат заеднички за заштитата и унапредувањето на екосистемот на езерото Констанц. Една од точките на дневниот ред е и можност за здружување на сите потенцијали од Македонија, Албанија и Грција за заеднички настап на туристичките берзи каде што Преспа ќе биде понудена како единствена дестинација која нуди посета на едно езеро и три држави“,
велат од Форумот за развој на Преспа.
Покрај граѓанските организации на Форумот ќе учествуваат и градоначалниците од трите општини во трите држави под чија надлежност се водите на Преспанското Езеро.
„На отворањето на Форумот ќе присуствуваат и министрите за екологија и европски интеграции, како и амбасадорот на ЕУ во Македонјија, Дејвид Гир. Форумот воедно ќе биде инцицијација на заедничка платформа за меѓусебна соработка меѓу граѓанските организации од регионот на Преспа со цел заеднички да конкурираат на повиците за искористување на европскиот фонд за Преспа тежок 18 милиони евра, а наменети за одржување и развој на богатото природно богатство и цивилизациски значајното култруно наследство. Средствата од овој фонд на ЕУ, ‘ЕУ за Преспа‘ ќе бидат искористени и за изградба на инфраструктурата на граничниот премин ‘Маркова нога’ на брегот на Преспанското Езеро, кој ги поврзува Македонија и Грција“,
се вели во соопштението за настанот.
Од овој европски фонд кој го финасира и одржувањето на Форумот за развој на Преспа одвоени се и финасиски средства за поддршка и развој на руралниот туризам и земјоделието.