Исто така, серија земјотреси од пограничното епицентрално подрачје Битола-Лерин утринава повторно се почувствувани во Битола и околината
Земјотрес со интензитет од три до четири степени според Европската макросеизмичка скала утринава во 9:09 часот е регистриран во Скопје.
Земјотресот е со Рихтерова магнитуда од 2,6, а епицентарот е од скопското епицентрално подрачје.
Според податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, земјотресот е почувствуван од населението во Скопје и околината.
Исто така, серија земјотреси од пограничното епицентрално подрачје Битола-Лерин утринава повторно се почувствувани во Битола и околината.
Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје информира дека најсилно е почувствуван земјотресот во 04:01 часот кој бил со Рихтерова магнитуда од 3,7 и интензитет од четири степени според Европската макросеизмичка скала.
Епицентарите на земјотресите се наоѓаат на 120 километри јужно од Скопје, во соседна Грција.