Кризниот штаб на Општина Тетово информира дека починале две лица, жители на градот, кои претходно биле заразени со коронавирусот, со што бројката на смртни случаи во општината се искачи на тројца.
Дополнително информираат дека од тестовите направени од Институтот за јавно здравје, евидентиран е еден нов случај на заболен од коронавирусот, па вкупниот број на заболени во тетовскиот регион достигна 30 лица.
„И понатаму најмногу заразени има во Општина Тетово, сега 17, (2 починати), 5 во Општина Теарце, 4 во Општина Брвеница, 2 во Општина Боговиње (1 починат), 1 во Општина Желино и едно лице кое од државниот карантин на Попова Шапка е пренесено во родниот Радовиш“,
информираат од тетовскиот кризен штаб.
Од тетовските рурални локални самоуправи само во Општина Јегуновце засега нема евидентирано заболен од ковид-19.