Настанот се случил вчера во 14:43 часот кога во полиција е пријавено дека 42-годишен затвореник починал во кругот на внатрешното шеталиште на затворот
Почина затвореник во кругот на внатрешното шеталиште на Казнено-поправната установа „Идризово“, информираат денеска од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Настанот се случил вчера во 14:43 часот кога во полиција е пријавено дека 42-годишен затвореник починал во кругот на внатрешното шеталиште на затворот.
„Затвореникот Н. И. (42) од селото Дебреште, се качил на бандера и се фатил за жица која била под струен напон, при што паднал. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт“,
се вели во полицискиот извештај за случајот.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
