Почина родилката која пред десетина дена се фрли од спрат од скопска Гинекологија откако претходно се породи со своето прво бебе.
39-годишната жена починала околу 21 часот на КАРИЛ, каде што беше преместена со тешки повреди по падот од Клиниката за гинекологија.
Бебето на родилката било пуштено од Гинекологија и било во домот на семејството.
Веднаш по инцидентот, на Клиниката за гинекологија беше пратен вонреден инспекциски надзор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, кој покажал дека постојат пропусти во делот на прегледите кои биле побарани за родилката.