Базерко ја започна новинарската кариера во весникот „Млад борец“, а потоа се истакна со својот глас на Македонското радио, каде што работеше со децении

Новинарката Валентина Базерко почина вчера на 62-годишна возраст. Базерко ја започна новинарската кариера во весникот „Млад борец“, а потоа се истакна со својот глас на Македонското радио, каде што работеше со децении.
Таа беше дописник од странство, сведок на настани и глас што секогаш се бореше за правдата и достоинството на професијата.
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразувајќи сочувство по повод смртта на Базерко, посочува дека таа го живееше новинарството како лична мисија – со јасен, модерен и искрен радиоизраз, со неуморна грижа за македонскиот јазик и култура.