На 63-годишна возраст почина долгогодишната новинарка и поранешна генерална директорка на Македонската радиотелевизија, Гордана Стошиќ.
Стошиќ беше дел од Националната телевизија како репортер, а подоцна и како водител и уредник на вести. Одреден период беше раководител на телевизијата А1, за потоа да се врати во МРТВ на позицијата генерален директор. Во еден период беше и директорка на скопската телевизија Скај нет.
Голем број млади новинари ја поминаа нејзината школа низ редакциите што ги раководеше како уредник и главен и одговорен уредник.