Првите информации укажуваат дека најверојатно се работи за природна смрт, пишуваат медиумите во Црна Гора

На 26-годишна возраст, утрово во Будва почина Матија Шаркиќ, голман на црногорската репрезентација.
Според информациите во медиумите од соседството, на Шаркиќ му се слошило во станот во кој престојувал, по што следувала смрт.
Неговите пријатели повикале брза помош утрово околу 6 часот и 30 минути.
Во моментов на терен се полицијата и надлежните органи кои ги истражуваат сите околности на оваа трагедија, но првите информации укажуваат дека најверојатно се работи за природна смрт, пишуваат медиумите во Црна Гора.
Шаркиќ пред само десет дена ја воодушеви јавноста во Црна Гора со одличната одбрана на мечот против Белгија.