Јакимоски околу четири години беше директор на МРТ, а околу 11 на МИА. Во два наврати беше избран и за пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ

Во 61-та година од животот, по кратко боледување, почина Љупчо Јакимоски, поранешен директор на МИА и МРТ.
Љупчо Јакимоски е роден во 1961 година, во село Велестово, Охрид. Завршил Филолошки факултет во Скопје во групата Историја на книжевностите на народите на СФРЈ.
Тој беше пратеник во два мандати од редовите на ВМРО-ДПМНЕ – во првиот парламентарен состав, а потоа и во 1998 година. Истата година година беше избран за генерален директор на Македонската радио-телевизија, функција која ја извршуваше до 2002 година.
Во 2006 година беше назначен за директор и главен и одговорен уредник на државната новинска агенција МИА, на која функција остана 11 години, сè до 2017 г.
Љупчо Јакимоски ќе биде погребан во неговото родно Велестово.