Своето образование го завршила на Правниот факултет на Универзитетот во Скопје, а освен кариерара во правната сфера таа беше и активен учесник во македонската литература, како член на Друштвото на писателите на Македонија
Јагнула Куновска, позната македонска политичарка, писателка и адвокатка, почина денеска на 81-годишна возраст.
Куновска е родена во Костур во 1943 година. Таа е внука на костурскиот војвода Никола Добролитски. Таа била евакуирана во градот Тетово во тогашна Народна Република Македонија во 1948 година како една од многуте бегалци од Граѓанската војна во Грција.
Своето образование го завршила на Правниот факултет на Универзитетот во Скопје, а освен кариерара во правната сфера таа беше и активен учесник во македонската литература, како член на Друштвото на писателите на Македонија.
Во 1990 година беше основач на македонската политичка партија Движење за семакедонска акција (МААК). Во 1999 година ја поддржа кандидатурата на Тито Петковски за претседател на Република Македонија.
Во 2006 година беше кандидидат на изборите во скопскиот и кумановскиот регион како дел од Новата социјалдемократска партија. Потоа ја напушти Новата социјалдемократска партија и стана членка на ВМРО-ДПМНЕ.
Во текот на 2008 година учествувала во пишувањето на списанието „Македонски духови конаци“.
Покрај ова, таа беше една од најценетите адвокатки во државата.