Нејзината филмска кариера почнала да бледнее во втората половина на 1960-ите, по што повеќе се посвети на фотографирањето, вајарството и политиката
На 95-годишна возраст почина Џина Лолобриџида, една од најголемите ѕвезди на европскиот филм во 1950-ите и 1960-ите, објави италијанската новинска агенција „Анса“. Своевремено наречена „најубавата жена на светот“, Лолобриџида глумеше покрај Хамфри Богарт, Ерол Флин, Френк Синатра и Рок Хадсон.
Лолобриџида била родена на 4 јули 1927 година. Таа студирала вајарство на римската академија за ликовни уметности. Во 1947 го освоила третото место на изборот за Мис Италија и потоа се омажила за словенечкиот лекар Милко Шкофич, но и го привлекла вниманието на американскиот филмски могул Хауард Хјуз, кој не само што ѝ понудил слава во Холивуд, туку и брак. По тримесечен престој во САД, Хјуз ѝ понудил седумгодишен договор, кој бил прескап за холивудските студија да ја ангажираат, па Лолобриџида се вратила во Европа.
Нејзината филмска кариера почнала да бледнее во втората половина на 1960-ите, по што повеќе се посвети на фотографирањето, вајарството и политиката.
Во август минатата година, Лолобриџида се кандидираше за сенатор на претстојните национални избори на крајот на септември. Таа беше номинирана од предизборната листа Суверена и народна Италија, која ја поддржуваат Комунистичката партија, Социјалистичката партија, движењето Граѓанска акција, Сè уште е Италија и Да се врати Италија.
Лолобриџида, која ја напушти седмата уметност пред околу 30 години, учествуваше во 1999 годинa на изборите за Европскиот парламент, но не беше избрана, бидејќи имаше едвај 10.000 гласови.