Државниот погреб на поранешниот претседател Џими Картер ќе биде на 9 јануари во Вашингтон, кога е прогласен и национален ден на жалост, а во негова чест знамињата во сите владини згради и амбасади на САД ќе бидат спуштени на половина копје во период од 30 дена по неговата смрт

ФОТО: EPA-EFE/WAEL HAMZEH
Почина Џими Картер, 39. претседател на САД. Картер, кој како претседател на САД е посредник на мирот на Блискиот Исток и неуморен поборник за глобалното здравје и човековите права, почина на 100 години.
Демократот од Џорџија, Картер, беше најдолговечниот претседател во историјата на САД.
Џими Картер беше демократски претседател од јануари 1977 до јануари 1981 година. Картер ја напушти Белата куќа откако беше поразен на изборите од републиканецот Роналд Реган.
Картер годините потоа ги помина фокусиран на меѓународните односи и човековите права што му ја донесоа Нобеловата награда за мир во 2002 година.
Државниот погреб на поранешниот претседател Џими Картер ќе биде на 9 јануари во Вашингтон.
Американскиот претседател Џо Бајден го прогласи 9 јануари за национален ден на жалост за Џими Картер повикувајќи ги Американците да ги посетат местата за богослужба за да му оддадат почит на починатиот американски лидер.
„Го повикувам американскиот народ да се собере на тој ден во нивните места за богослужба, да му оддадат почит на споменот на претседателот Џејмс Ерл Картер Помладиот. Ги поканувам луѓето од светот кои ја делат нашата тага да ни се придружат“,
наведе Бајден во соопштението од Белата куќа.
Today, America and the world lost an extraordinary leader, statesman and humanitarian. pic.twitter.com/Ki7Rhbent0
— President Biden (@POTUS) December 29, 2024
Во соопштението од американскиот претседател Џо Бајден и неговата сопруга Џил се вели дека Америка и светот изгубиле извонреден лидер, државник и хуманитарец.
„Повеќе од шест децении ја имавме честа да го наречеме Џими Картер драг пријател. Но, она што е извонредно за Џими Картер е тоа што милиони луѓе во САД и ширум светот кои никогаш не го запознале, исто така го сметале за драг пријател“,
се додава во соопштението.
Бајден, исто така, нареди знамињата во сите владини згради и амбасади на САД да бидат спуштени на половина копје во чест на 39. претседател на САД во период од 30 дена по неговата смрт. Тоа значи дека знамето над Белата куќа и зградата на Капитол ќе се вее на половина копје на 20 јануари, за време на инаугурацијата на новоизбраниот претседател Доналд Џ. Трамп.
Following the Death earlier today of the 39th President of the United States, Jimmy Carter; President Joe Biden has appointed January 9th, 2025 as a National Day of Mourning, while ordering the Flag at all Government Buildings, Military Posts, Naval Vessels, and Embassies… pic.twitter.com/KZLUl9OEzY
— OSINTdefender (@sentdefender) December 30, 2024
„Предизвиците со кои се соочи Џими како претседател дојдоа во одлучувачки момент за нашата земја и тој направи сè што е во негова моќ за да ги подобри животите на сите Американци. Затоа му должиме благодарност“,
изјави новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп.