Почина Бранка Станковска, некогашнзаштитно лице и прв глас на македонската телевизија – РТС-Скопје.
Имаше 89 години и остана запаметена како една од најпрепознатливите водителки на малиот екран, која целиот свој работен век го помина во Македонската радиотелевизија.
Таа беше првата спикерка на вестите. Нејзината најава на првиот телевизиски пренос на 5 јуни 1964 година е почеток на тогашната ТВ Скопје, сега МТВ.
Неколку месеци подоцна, Станковска ги читаше вестите на првиот телевизиски „Весник“, што го означи почетокот на емитувањето на редовната програма на Македонската телевизија.
