Објаснувајќи го ваквиот потег, првиот интегративец во изјава за „Тетова сот“ вели дека истакнувањето на државното знаме никогаш не му претставувало проблем, а дека во случајот таква сугестија добил од амбадорите во земјава
Лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, по 24 години од основањето на партијата го постави државното знаме во својата канцеларија во Мала Речица, пишува порталот „Тетова сот“.

Поставеното државно знаме во канцеларијата на лидерот на ДУИ е забележано за време на вчерашната средба на Ахмети со амбасадорот на Австрија, Мартин Памер. Објаснувајќи го ваквиот потег, првиот интегративец во изјава за „Тетова сот“ вели дека истакнувањето на државното знаме никогаш не му претставувало проблем, а дека во случајот таква сугестија добил од амбадорите во земјава.
„Отсекогаш сум бил за унитарна држава. Тоа беше и предлог на странските амбасадори во земјата. Ми беше предложено на средбите со нив државното знаме на С Македонија да биде поставено во мојата канцеларија“,
изјавил Ахмети за тетовскиот портал.
Според него, ваквиот потег е во согласност со верувањето дека државата им припаѓа на сите граѓани и дека државните симболи мора да се почитуваат.
