Данците ќе играат во полуфиналето на Европското првенство за првпат од 1992 година, кога го освоија турнирот
Репрезентацијата на Данска вечерва ја победи Чешка со 2:1 во четвртфиналето на Европското првенство 2020. За победничкиот тим погодија Дилејни во 5. и Долберг во 42. минута. Шик е стрелец на голот (49. минута) за Чесите.
Данците ќе играат во полуфиналето на Европското првенство за првпат од 1992 година, кога го освоија турнирот. Оттогаш, тие не се пласираа на евро-шампионатите двапати (2008, 2016), беа елиминирани трипати во групната фаза (1996, 2000 и 2012 година) и еднаш стигнаа до четвртфиналето (2004 година), како што пренесува МИА.
Во полуфиналето, тимот на селекторот Каспер Јулманд ќе се сретне со победникот од вечерашниот дуел меѓу Англија и Украина.
Другата полуфинална двојка на ЕВРО 2020 ја сочинуваат Италија и Шпанија.
Успехот на данската репрезентација предизвика еуфорија во Копенхаген и низ целата земја.
🇩🇰 Scenes in Copenhagen as Delaney & Dolberg inspire Denmark! 🎉@dbulandshold | #DEN | #EURO2020 pic.twitter.com/STiZZSuKGq
— UEFA EURO 2020 (@EURO2020) July 3, 2021