Портпаролот на компанијата „Мета“, Енди Стоун, информира дека со Фејсбук и Инстаграм настанал технички проблем поради кој корисниците на овие социјални мрежи не можеле да пристапат до своите профили. Додава дека сега проблемот е решен
По прекин од околу еден час, социјалните мрежи Фејсбук, Месинџер и Инстаграм од попладнево се повторно достапни за корисниците ширум светот. Трите платформи, сите во сопственост на компанијата „Мета“, беа во прекин од околу 10:20 часот по средноевропско време, односно 16:20 по македонско време.
По околу еден час, тие се повторно достапни за корисниците и може да се користат непречено.
Портпаролот на компанијата „Мета“, Енди Стоун, во објава на социјалната мрежа Икс (поранешен Твитер) информира дека со Фејсбук и Инстаграм настанал технички проблем поради кој корисниците на овие социјални мрежи не можеле да пристапат до своите профили. Додава дека сега проблемот е решен.
„Технички проблем предизвика луѓето претходно денеска да имаат потешкотии до пристапот до некои од нашите услуги. Го решивме проблемот што е можно побрзо и се извинуваме за непријатностите“
напиша портпаролот на компанијата „Мета“, Енди Стоун, во објава на социјалната мрежа Икс.
Earlier today, a technical issue caused people to have difficulty accessing some of our services. We resolved the issue as quickly as possible for everyone who was impacted, and we apologize for any inconvenience. https://t.co/ybyyAZNAMn
— Andy Stone (@andymstone) March 5, 2024
Претходно денеска, бројни корисници на глобално ниво, меѓу кои и корисници од Македонија, пријавија потешкотии при најавувањето на своите профили на Фејсбук, а слични проблеми беа пријавени и за Инстаграм.
Засега е непознато на што се должи едночасовниот прекин на едни од најкористените социјални мрежи во светот.