Сепак, според информации на „360 степени“ жителите на Горно Лисиче сѐ уште немаат струја
За големото доцнење, во кое со часови жителите на Аеродром и Лисиче немаа струја, од ЕВН Македонија велат дека се работело за комплициран дефект, за чие санирање било потребно повеќе време на работа
Граѓаните што живеат во дел од населбите Аеродром и Лисиче, кои вчеравечер останаа без струја, по повеќе од 15 часа добија електрично напојување во своите домови.
Сепак, според информации на „360 степени“ жителите на Горно Лисиче сѐ уште немаат струја.

Од ЕВН Македонија велат дека дефектот е саниран. За големото доцнење, во кое со часови жителите на Аеродром и Лисиче немаа струја, велат дека се работело за комплициран дефект, за чие санирање било потребно повеќе време на работа.
Утрово, пак, од ЕВН, информираа дека нивните екипи цела вечер работеле на санирање на дефектот.
Според „Електродистрибуција“, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија се два 110-киловолтни далноводи кои ги снабдуваат трафостаниците „Аеродром“ и „Исток“, а кои поради невремето биле без напон.




Вчерашното невреме, иако беше краткотрајно, сепак, во населбите Аеродром и Автокоманда предизвика повеќе штети, како паднати дрвја, оштетени автомобили, паднати покриви, поплавени домови.
До Центарот за управување со кризи биле пристигнати пријави за 35 паднати дрвја, 15 бандери, 21 оштетен кров, 10 поплавени домови и две оштетени возила. Повеќе информации од ЦУК најавуваат во текот на денешниот ден.