Триста наставници и 85 ученици кои следат настава со физичко присуство се заразени со коронавирус.
Министерката за образование и наука, Мила Царовска вели повтори дека образовниот систем е стабилен и нема трансмисија на вирусот во училиштата.
По формирањето на оценките за првото тримесечје, до 20 ноември, се очекува се повеќе наставници предавањата да ги држат од дома, односно дека директорите можат да им дозволат на тие наставници кои имаат услови, да работат од дома. Од наставниците се бара изјава со која потврдуваат дека ги поседуваат сите услови за да предаваат од дома.
„Министерката Царовска на состанок со директорите на училиштата информираше за можноста работата на наставниците да биде организирана од дома со претходна согласност од самите директори. Во оваа насока, направени се и измени на Планот за организација на учебната 2020/2021 година кој е објавен на сајтот на МОН и споделен со училиштата. Оваа информација во меѓувреме е неколку пати и јавно споделена“,
велат од МОН.
Сега, наставниците онлајн часовите ги држат од училиштето. Целта на мерката да држат предавања од дома е да се спречи ширењето на вирусот.