Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска го повика членството и сите граѓани, утре на протест кој би започнал во 18 часот пред Обвинителството и би завршил пред Врховниот суд.
Мицкоски на прес-конференцијата побара одговорност од поранешниот премиер и лидер на СДСМ Зоран Заев по вчераобјавената аудиоснимка на која се слуша како Заев зборува за Законот за јавно обвинителство и Врховниот суд, бидејќи, како што рече Заев, јавно ја признал автентичноста на аудио снимката.
„Суштински аудиоматеријалот покажува дека Заев е виновен за неправдата и тука се клучни три работи што се откриваат: Прво, имаме јавно признание дека Заев ја злоупотребил службената должност диктирајќи одлуки на Врховен суд, второ, тој јавно признава дека се влечат случаите и дека таа негова стратегија ја знае и СЈО и Катица Јанева која била свесна за сето тоа и трето, шемата како да паднат случаите била јасна – или закон за обвинителство или ‘трас-трас’ одлука на Врховен суд. Значи, освен премиер, бил и судија и обвинител“,
рече Мицкоски на прес-конференција.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ обвини дека државното Обвинителство и сите други надлежни институции за сето ова молчат.
Најавено е дека пратеникот Антонио Милошоски кој вчера ја објави снимката, утре во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција ќе го предаде аудиоматеријалот.
*Поврзани вести:
СДСМ: Вознемиреноста на Јово Вангеловски е логична, нема спас за криминалците
Вангеловски за снимката: Напразно Заев се промовира во голем моќник и мој пријател