Со тоа, Чиле ќе биде првата јужноамериканска земја но и една од првите во светот што нуди четврта доза од вакцината против коронавирус
Од следната недела Чиле ќе почне да нуди четврта доза од антиковид вакцината пред сè за лицата со ослабен имунолошки систем. Со тоа, Чиле ќе биде првата јужноамериканска земја но и една од првите во светот што нуди четврта доза од вакцината против коронавирус.
Чилеанската влада одлучи да дозволи четврта доза од антиковид вакцината во време кога омикрон сојот станува сè подоминантен низ светот, а голем број држави регистрираат рекордни нивоа на инфекција дури и меѓу вакцинираните.
Масовната администрација на новата засилена доза ќе започне од следната недела, односно од 10 јануари, соопшти чилеанскиот претседател Себастијан Пинера.
Чиле е една од земјите со највисоко ниво на вакцинација во светот, а посочена е како пример во борбата против пандемијата. Над 85 отсто од населението во Чиле е вакцинирано со две дози, а околу 57 отсто од жителите примиле трета доза.
Од неодамна и Израел ја одобри четвртата доза од антиковид вакцината за сите лица постари од 60 години и за медицинскиот персонал.