Шпанија од денеска ги укина ограничувањата за дел од бизнисите кои беа затворени пред две недели.
Производствените погони и градежните компании од денеска се отворени, но задолжително е работење под максимални безбедносни контроли.
Овој потег на шпанските власти наиде на критики кај дел од јавноста зашто, според критичарите, се ризикува повторно да се зголеми ширењето на вирусот.
Според „Ворлдометар“, во Шпанија досега има регистрирано 166 831 случај на заразен со ковид-19. Досега се регистрирани 17 209 смртни случаи, што ја рангира Шпанија на трето место по бројот на жртви, по САД (22 115) и Италија (19 899).