Шпанската Влада ќе забрани од понеделник какво било движење на граѓаните, јавија шпански медиуми. Се очекува таа мерка да ја објави попладнево премиерот Педро Санчез.Ќе биде затворен и воздушниот простор над државата.
Шпанците ќе можат да одат во болница и да купуваат лекови, да им пружат помош на возрасни, деца и лица со посебни потреби и да посетуваат банки.
Одлуката на владата ќе биде донесена поради експлозивното зголемување на заразените со новиот коронавирус. Новите случаи се зголемија за 1 500 за само еден ден, достигнувајќи бројка од над 5 700 заразени.
*Поврзана вест: За само еден ден во Шпанија има 1 500 нови случаи на заразени со коронавирусот
Весникот Ел Мундо објави дека Министерството за внатрешни работи ќе ги контролира сите полициски сили како и регионалните како дел од вонредната состојба.
Досега, најпогодена земја во Европа е Италија, со над 15 000 случаи (над 1 200 смртни случаи), но Шпанија, Франција и Германија изгледа дека следат по истиот модел на ескалација. Главната разлика е во тоа што во другите европски земји стапката на смртност е многу пониска отколку во северната италијанска провинција Ломбардија.