Се возело без положен возачки испит, под дејство на алкохол, со брзина поголема од дозволената, а еден од возачите управувал патничко возило и покрај активната забрана

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полицијата лишила од слобода 21 возач, а со еден е извршен службен разговор поради стореното кривично дело безобѕирно управување возило.
„Од нив, 10 лица управувале возило без положен возачки испит, и тоа: Н. М. (41) од с. Сарај, Скопско, А. Р. (25) од с. Батинци, Скопско, Х. Ш. (35) од с. Неготино, Гостиварско, 16-годишник од с. Видуше, Општина Маврово и Ростуше, А. С. (31) од с. Ковач, Оштина Македонски Брод, А. Д. (32) од с. Корошишта, Струшко, Ќ. С. (62) од Градско, Е. Ј. (27), Е. Д. (43) и Н. Ј. (22), сите од Скопје, од кои Н. Ј. возел и со брзина поголема од дозволената“,
соопшти МВР.
Полициски службеници од ОВР Пробиштип, во присуство на родител, извршиле службен разговор со 16-годишник од селото Приковци, Кратовско, затоа што управувал мопед без возачка дозвола. Десет лица возеле под дејство на алкохол.
„Под дејство на алкохол возеле 10 лица, и тоа: Д. Д. (39) од Кумановско, С. К. (40) од с. Ињево, Радовишко, Г. И. (31) од с. Дулица, Општина Македонска Каменица, О. В. (27) од Македонска Каменица, М. У. (44) од Кичево, Д. М. (24) од с. Брвеница, Тетовско, З. С. (54) од Скопје, Н. З. (64) од Битола, А. Н. (46) од Прилеп и С. Ј. (66) од с. Селце, Прилепско. Додека, пак, лицето В. Д. (37) од Македонски Брод управувал патничко возило со активна забрана за управување возило од Б-категорија“,
соопшти МВР.
Од ресорното министерство велат дека по целосното документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
„Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување, или доколку се под дејство на алкохол, и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај“,
наведуваат оттаму.
