Од Сојузот на средношколци ја поздравија брзата акција на безбедносните служби и информираа дека евакуацијата во училиштата е целосно спроведена, а настава за учениците од втората смена нема да има
Претходно денеска од СВР Скопје информираа дека пет средни училишта во главниот град добиле дојави за бомби на своите електронски адреси, по што сите ученици и вработени се евакуирани од објектите
Откако денеска пет скопски средни училишта добија дојави за поставени бомби во нивните објекти, Сојузот на средношколци во земјава изрази загриженост и апелира на поголема безбедност во школите.
Оттаму ја поздравија брзата акција на безбедносните служби и информираа дека евакуацијата во училиштата е целосно спроведена, а настава за учениците од втората смена нема да има.

„Ги повикуваме нашите соученици да бидат смирени бидејќи паниката е нашиот најголем непријател во овие ситуации. Безбедносните и училишните служби да бидат професионални и методични во работењето на за да се заштитат средношколците и сите останати вклучени во образовниот процес“,
се вели во соопштението од Сојузот на средношколци.
Во СВР Скопје денеска било пријавено оти пет средни училишта во главниот град добиле дојави за бомби на своите електронски електронски адреси.
Дојави за бомби стигнале до СУГС „Раде Јовчевски Корчагин“, „Орце Николов“, „Никола Карев“, „Јосип Броз Тито“ и АСУЦ „Боро Петрушевски“. Како што информираат од МВР, веднаш по добиените пријави се евакуирани учениците и вработените.
Директорите на средните училишта, кои ги контактираше „360 степени“, велат дека сите ученици се на безбедно, а екипите се на терен и детално ги проверуваат објектите.