Тој заедно со голем број досегашни пратеници на ВМРО-ДПМНЕ не се најде на листите со кандидати што вчера ги промовираше лидерот на партијата
„Огромна благодарност што бев пратеник. Желба за успех до новите пратеници. Да живее Македонија! Да живее ВМРО-ДПМНЕ!“, напиша на Фејсбук Влатко Ѓорчев, кој изминатите 14 години во 5 мандати беше пратеник во Собранието од ВМРО-ДПМНЕ, но не се најде на листите на кандидати за пратеници што синоќа ги објави лидерот на партијата.

Седуммина пратениците од доскорешниот состав се најдоа на листите за изборите на 12 април што синоќа ги утврди ЦК на опозициската партија. Меѓу нив ги нема Илија Димовски, Влатко Ѓорчев, Трајко Вељаноски, Емил Димитриев, Никола Попоски…
Пред седницата на ЦК, генералниот секретар на партијата Игор Јанушев на прес-конференција изјави дека на листите нема да има стари и компромитирани кадри.