„Ќе го бранеше името, јазикот, културата, идентитетот. Па сè е зачувано во меѓународните договори. Тие тоа го признаваат. Па сега некои будалаштини зборува. Исланд не сакал во Европска Унија, па Исланд е дел од заедничкиот пазар. Па може ли таков идиот да е човекот, комплетен, да нè изолира целосно? Па дали мисли дека сме наивни? Дали мисли дека луѓево се наивни? Што сака да постигне?“, изјави лидерот на СДСМ на денешната прес-конференција критикувајќи ги политиките на премиерот во однос на евроинтегративниот пат на државата
На Мицкоски тој му порача, ако треба вечер и нека не спие, само добро да размисли што ќе ѝ каже на Фон дер Лајен на утрешната средба и да не си игра со иднината на државата бидејќи може да му судат следните генерации
Па може ли таков идиот да е чевекот, комплетен, да нè изолира целосно. Ова денеска на прес-конференција во Собранието го кажа лидерот на СДСМ, Венко Филипче, критикувајќи го премиерот Христијан Мицкоски дека со неговите политики сè повеќе ја оддалечува земјата од европскиот пат.

Жестоките изјави првиот социјалдемократ ги изнесе прашан за коментар на договорот со кој Грција ќе ѝ ги предаде на Бугарија моштите на Цар Самоил и дали тоа може да се одрази на односите на Македонија со двете соседни земји и членки на Европската Унија.
Во однос на прашањето Филипче рече дека историјата ја остава на историчарите – тие да зборуваат за тоа што било и како било, додека она за што тој сака да говори е иднината.
Осврнувајќи се на европската интеграција на Македонија, лидерот на СДСМ рече дека ситуацијата е сериозна и оти по повеќе од 30 години владатана Христијан Мицкоски свесно ја води државата во ќорсокак.
„Не знам дали сте свесни колку е сериозна ситуацијата сега, денеска, утре во пресрет на посетата на (претседателката на Европската комисија) Урсула фон дер Лајен. Не знам дали сте свесни каква тежина политичка има овој момент во којшто после 30 и кусур години ние сме во ќорсокак за Европа по желба лично на Христијан Мицкоски“,
изјави претседателот на Социјалдемократскиот сојуз.
Во тој контекст, Филипче се повика на пишувањата на бриселскиот портал „Политико“ дека Европската Унија подготвува патокази, односно конкретни датуми за Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија за завршување на клучните фази од пристапните преговори – план кој не се однесува на Македонија и уште неколку земји кандидати за членство од ЕУ.
Како што наведе Филипче, до 2030 година Албанија, Црна Гора, Украина и Молдавија ќе станат членки на Европската Унија, додека земјава никој не ја спомнува во тој контекст.
Тој го обвини премиерот дека сè уште глуми патриот со наративот дека ќе го брани името, јазикот, културата и идентитетот, а сега, како што рече, говори и будалаштини дека Исланд не сака да влезе во Европската Унија.
„Ќе го бранеше името, јазикот, културата, идентитетот. Па сè е зачувано во меѓународните договори. Тие тоа го признаваат. Па сега некои будалашни зборува. Исланд не сакал во Европска Унија, па Исланд е дел од заедничкиот пазар. Па може ли таков идиот да е човекот комплетен, да нè изолира целосно? Па дали мисли дека сме наивни? Дали мисли дека луѓево се наивни? Што сака да постигне?“,
рече Филипче.
Лидерот упати две пораки од кои едната кон граѓаните и другата кон Мицкоски лично, а во врска со утрешната посета на земјава на претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен на земјава.
„Сакам граѓаните да знаат дека ако продолжи овој пад во изолација, пред нас се децении на сиромаштија, на изолација, на сиромаштија на духот, на иселување на децата, на смет по улиците и нечист воздух насекаде, на распродадена земја за туѓи интереси и туѓи рудници, на распродадена вода за туѓи дата-центри и на партиски тендери за оваа банда што е на власт“,
рече Филипче.
На Мицкоски тој му порача, ако треба вечер и нека не спие, само добро да размисли што ќе ѝ каже на Фон дер Лајен на утрешната средба, бидејќи од тоа зависи иднината на државата и судбината на следните генерации.
„Да не си игра со иднината на земјата затоа што може да му судат следните генерации“,
порача Филипче.
