Здружението „Плоштад слобода“ бара градоначалникот Саша Богдановиќ и од Советот на Општина Центар да го продолжат терминот за јавната расправа и презентација за „Мал ринг“ за уште 30 дена и да се повлече планот на доработка во која ќе бидат вклучени надлежните институции, специјализираните граѓански здруженија, Асоцијацијата на архитекти на Македонија и граѓани што живеат и работат во тој дел на градот. Оттаму забележуваат дека специфичната планска документација којашто е објавена не е адаптирана на разбирливо ниво за просечниот граѓанин.
„Недостасуваат 3Д-прикази, анализи, и прирачници со кои ќе се обезбеди точност во информирање на јавноста. Една модерна општина мора да се залага за вакви промени ако има за цел успешна и конструктивна јавна анкета и дебата. Закажувањето и одржувањето на овие активности во спомнатите услови во најмала рака е неодговорно и потсетува на праксите на владеењето на устроението кое го уништи центарот на градот“
се наведува во соопштението од „Плоштад слобода“.
Од здружението ја повикуваат општината да побара изработка на стратегиска оценка за влијанието на животната средина и изработка на долгорочна стратегија за намалување на концентрацијата на сообраќај, да се ангажираат правни експерти со цел да се изнајдат решенија за спомениците и другите градби кои се граделе нелегално, да бидат прогласени за дивоградби.
Повлекувањето на планот побараа и поранешната претседателка на Советот во Општина Центар, Јана Белчева, Иницијативата „О2“, како и од Асоцијацијата на архитекти.
*Поврзани вести:
Општина Центар турка нов ДУП за „Мал ринг“, архитектите и дел од советниците се против
Советничката Белчева бара повлекување и доработка на ДУП за Мал ринг