Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ победи на внатрепартиските избори и повторно е избран за претседател на владејачката Хрватска демократска заедница (ХДЗ).
Пленковиќ освои 82 отсто од гласовите, а неговиот противкандидат Миро Ковач 18 отсто. За потпретседател на ХДЗ е избран Томо Медвед.
По објавените резултати, Пленковиќ изјави дека верува дека новото раководство успешно ќе ги предводи партијата и членството до победа на парламентарните избори.