Почина уште еден од повредените во експлозијата на плинска боца во кумановското село Романовце. Пациентката три дена се борела за живот во ургентиниот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, но степенот на изгореници од 80% предизвикал други компликации на виталните органи.
„Денеска околу 13:20 ч. и покрај максималните напори на лекарскиот тим, како последица на сериозни повреди, што лекарите сметаа дека се инкомпатибилни со живот, почина 36-годишната пациентка. Состојбата на останатите двајца пациенти останува критична каде. 45-годишната жена и 50-годишниот маж се на апарати за вештачко дишење“,
велат од Ургентниот центар.
Со ова бројот на жртвите од несреќата викендот се искачи на пет лица. На самото место животот го загубија три деца, а подоцна уште едно лице им подлегна на повредите.