Независната кандидатка за градоначалничка на Скопје, „Зелен хуман град“ и советничката во Виена од австриските Зелени, Хајди Секвенц, денеска заедно беа на изложба на мурали токму во напуштената фабрика

„Купрум“, напуштената фабрика за бакар во населбата Хром, да биде младински центар, предлагаат независната кандидатка за градоначалничка на Скопје, Ана Петровска, и независната советничка листа од иницијативата „Зелен хуман град“ (ЗХГ).
Тие денеска заедно со советничката во Виена од австриските Зелени, Хајди Секвенц, беа на изложба на мурали токму во напуштената фабрика.
„Градот Скопје и Општината Ѓорче Петров мора овој простор да го трансформираат во младински центар. Да се формираат зелени стартапи, занаетчиски работилници, помеѓу другото и за поправка на домашни апарати и мебел. На просторот може да се организираат изложби, концерти и други културни настани“,
порача Петровска по посетата на „Купрум“.
Напуштените индустриски објекти, стоваришта, културни домови, училишта, месни заедници, порачува таа, мора да се ревитализираат и пренаменат во јавни простори со многу зеленило и нови паркови.