Пратеникот Ковачки на вчерашната седница на собраниската Комисија за одбрана и безбедност обвини дека за мировна мисија во Министерството за одбрана се давало мито по 3 500 евра, а за курс за подофицери и за прием како професионален војник се давало мито по 5 000 евра
Министерката за одбрана Славјанка Петровска, јавно го повика пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки на ТВ соочување со цел, како што напиша, да ги разјаснат сите обвинувања.
„Како министерка за одбрана се залагам за високиот углед на Министерството за одбрана и Армијата на Република Северна Македонија и нема да толерирам никакви обиди за добивање на ситни политички поени на штета на Армијата и Минстерството. Со цел да ги разјасниме сите обвинувања кои вчера беа изнесени на седницата на Комисијата за одбрана и безбедност го повикувам пратеникот Драган Ковачки, поранешен припадник на Армијата на ТВ соочување. Подготвена сум да одговорам на секое поставено прашање, но имам и неколку прашања кои во интерес на јавноста ќе ги поставам“,
напиша Петровска на Фејсбук.
Пратеникот Ковачки на вчерашната седница на собраниската Комисија за одбрана и безбедност обвини дека за мировна мисија во Министерството за одбрана се давало мито по 3 500 евра, а за курс за подофицери и за прием како професионален војник се давало мито по 5 000 евра.
„360 степени“ го праша пратеникот Ковачки дали ќе одговори на повикот на министерката Петровска, но досега не добивме одговор.