Во интервјуто, Ивана Петковска која е програмска координаторка во Коалицијата „Сите за правично судење“ вели оти судството не смее да молчи и дека мора похрабро да ја брани својата независност од политичките притисоци
Осврнувајќи се на предупредувањата од Европската комисија во чиј извештај се наведува оти извршната власт треба доследно да ја почитува на судството, притоа апелирајќи да се избегнуваат политички притисоци и јавни коментари за судските постапки, програмската директорка во Коалицијата „Сите за правично судење“, Ивана Петковска во интервју за „Призма“ вели оти не е првпат во меѓународните извештаи да се констатираат политички притисоци врз судската фела од страна на извршната или законодавната власт.

Притоа, вели, судството е континуирано изложено на јавни коментари и изјави од политичарите, кои често го инволвираат дури и во своите меѓупартиски препукувања, што укажува дека во државата сè уште опстојува предизвикот за градење култура на конструктивна критика.
„Судскиот систем веќе одреден период е во колапс и прашање на време е кога ќе го достигне степенот на целосна нефункционалност. Одговорноста за неефикасното судството не смее да се префрла исклучиво врз судиите и обвинителите, поконкретно, државата има обврска да обезбеди услови тие да можат професионално и ефикасно да ја вршат својата работа“,
вели таа.
Целото интервју може да го прочитате тука.
