Време е Бугарија да ја добие можноста да има слободна влада која работи за народот, изјави бугарскиот премиер во оставка
Во понеделник наутро Петков најави дека ќе поднесе оставка, откако неговата влада во средата не го преживеа гласањето недоверба и најави дека ќе побара поддршка од независните пратеници која ја напуштија ИТН. Доколку не успеат, рече, ќе се оди на избори
Она што досега го разговаравме со Извршниот одбор на „Продолжуваме со промените“ е дека составот на идната влада засега ќе биде непроменет, вечерва повторно имаме состанок. Сите ние сме многу здружен тим и продолжуваме во истиот формат, изјави денеска бугарскиот премиер во оставка Кирил Петков одговарајќи на прашањето за предлог-составот на новиот кабинет на „Продолжуваме со промената“ и дали во него ќе остане премиер.
Запрашан конкретно за министрите од „Има таков народ“, која ја напушти владината коалиција, Петков рече:
„Не сакам повеќе да зборувам за поединечни министри, бидејќи реално, додека немаме поддршка од независни пратеници, за кои се надеваме дека ќе видиме дали има таква шанса, засега не сакам да навлегувам во детали“,
рече Петков.
„Јасно кажавме дека има неколку луѓе со кои не би преговарале – тоа се Бојко Борисов, Пеевски и ДПС, Костадин Костадинов – како и Слави Трифонов. Колку што знам, Тошко Јорданов не може да направи ниту чекор, ниту еден збор да каже без Слави Трифонов, па за жал нема да можеме да разговараме ниту со него. Нема смисла бугарското општество да влезе во уште една агонија, ако задкулсни играчи уште може да ги контролираат средствата што треба да одат кај народот, а не кај неколку фирми, како што беше досега со ИТН“
одговори Петков коментирајќи ја изјавата на Тошко Јорданов од ИТН дека ќе одговорат на покана за преговори од „Продолжуваме со промените“.
Тој потенцира дека е време Бугарија да ја добие можноста да има слободна влада која работи за народот, додавајќи:
„Борбата против мафијата не е цел сама по себе, таа е само инструмент во една богата земја, а верувам дека Бугарија е богата земја, средствата да се трошат правилно за да се подобри животниот стандард на луѓето“,
рече Петков.
Во понеделник наутро Петков најави дека ќе поднесе оставка, откако неговата влада во средата не го преживеа гласањето недоверба и најави дека ќе побара поддршка од независните пратеници која ја напуштија ИТН. Доколку не успеат, рече, ќе се оди на избори.