Коалицијата ГЕРБ-СДС извојува победа на четвртите парламентарни избори во изминатите година и половина. Бојко Борисов, според паралелното пребројување на „Галуп интернешнл“, освои 63 пратеници во 240-членото Народно собрание
„Продолжуваме со промените“ го призна поразот на парламентарните избори во Бугарија.
„Ги загубивме изборите. ГЕРБ И ДПС имаат јасен мандат да коалицираат“,
изјави копретседателот на партијата Асен Василев во својот прв коментар по денешните избори.
Претседателот Кирил Петков вели дека секој ден ќе работат на ветувањата што ги дале пред бугарските граѓани.
Петков вели дека како конструктивна опозиција ќе бидат над секоја постапка на идната власт. Според поранешниот бугарски премиер, тоа што се случи денеска многу јасно покажува дека огромен број луѓе продолжуваат да веруваат дека Бугарија може да биде успешна и просперитетна, а да не биде изедена од корупција.

„Сакаме да го почитуваме изборот на народот, а фактот што ГЕРБ е првата политичка сила носи огромна одговорност. На нашите гласачи им ветивме дека нема да се направи коалиција со ГЕРБ и ДПС, ќе го исполниме нашето ветување. Ние како политичари ќе бидеме луѓето кои ќе ги исполниме нашите ветувања“,
рече Кирил Петков.
Коалицијата ГЕРБ-СДС извојува победа на четвртите парламентарни избори во изминатите година и половина. Бојко Борисов, според паралелното пребројување на „Галуп интернешнл“, освои 63 пратеници во Народното собрание.
Математички, ГЕРБ, ДПС и Преродба ќе имаат доволно мандати да формираат влада, но политички такво нешто се смета за речиси невозможно.