Украина не ја призна одговорноста за несреќата, и повика на меѓународна истрага за инцидентот, обвинувајќи ја Русија дека си игра со животите на затворениците
Официјален Кремљ се согласи да се спроведе меѓународна истрага за авионската несреќа која се случи вчера во регионот на Белгород, во која загинаа 65 украински воени затвореници, доколку Украина признае дека извршила злосторство при соборувањето на авионот, пренесува Си-ен-би-си.

На видеото објавено на платформата Икс се гледа како голем авион паѓа кон земјата и експлодира.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, вчера не сакаше да го коментира уривањето на воениот транспортен авион, но денеска изјави дека Киев извршил апсолутно монструозен чин.
Москва тврди дека Украина го соборила рускиот воен транспортен авион „иљушин-76“, користејќи западни ракети. Се наведува дека авионот бил на пат за размена на затвореници. Во несреќата загинале и шест членови на екипажот и тројца руски воени придружници.
???Russian military plane crashes in Belgorod region, many feared dead
— EUROPE CENTRAL (@europecentrral) January 24, 2024
Note–raw video update#Russia #planecrash #Belgorod #BreakingNews #JUSTIN pic.twitter.com/HyGKtSd7cL
Украина не ја призна одговорноста за несреќата, и повика на меѓународна истрага за инцидентот, обвинувајќи ја Русија дека си игра со животите на затворениците.
„Очигледно дека Русите си играат со животите на украинските затвореници, со чувствата на нивните роднини и со емоциите на нашето општество“,
рече Зеленски.
Секретарот за печат на Кремљ, Дмитриј Песков, одговори на коментарите на Зеленски.
„Ако тој мисли на меѓународна истрага за криминалните дејствија на режимот во Киев, таа дефинитивно е потребна“,
рече тој.
Песков рече дека размената на затвореници е процес кој се одвива во целосна тишина.
Фактот што Украинците ги убиваа своите заробеници, нивните граѓани, кои требаше да бидат дома буквално за еден ден е сосема монструозен чин. Тоа е надвор од разбирање. Како тоа ќе влијае на изгледите за продолжување на оваа практика, на идна размена на заробеници, никој не може да ви каже“,
рече тој.
Песков рече дека руската војска ја истражува несреќата.
„Сè уште е нејасно што се случило. Инспекторите почнаа да ги проучуваат остатоците од авионот дури вчера“,
рече тој.