На прашање дали спорот меѓу Софија и Скопје е голем проблем за Вашингтон, поранешниот амбасадор во Бугарија и олеснувач за Рамковниот договор одговорил дека тоа е големо разочарување
Северна Македонија е суверена држава и повеќе не треба да се вознемирува или командува, изјави поранешниот амбасадор на САД во Бугарија, Џејмс Пердју, кој е и еден од посредувачите во разговорите за Охридскиот договор, во интервју за Бугарското национално радио.
Како што пренесува МИА, на прашање дали спорот меѓу Софија и Скопје е голем проблем за Вашингтон, тој одговорил дека тоа е големо разочарување.
„Верувам дека е во интерес на Бугарија да биде чувар на каузата за Северна Македонија да постигне членство во ЕУ. Колку на некои луѓе да не им се допаѓа, тоа е суверена држава и повеќе не треба да се вознемирува или командува, откако веќе го реши спорот за името со Грција. На Северна Македонија и на Бугарија многу повеќе им прилега да бидат блиски сојузници отколку да се караат околу историјата“,
рече Пердју.
Тој додаде дека „Русија одлучи да го претвори Балканот во зона на стратешка битка за влијание со САД и нивните сојузници“.