Американските војници нема да учествуваат во борбени мисии, туку ќе имаат советодавна улога или ќе учествуваат во мисии за медицинска поддршка
Пентагон планира да распореди околу 2000 војници за поддршка на Израел во неговата војна против Хамас, објави „Волстрит џурнал“ повикувајќи се на неименувани американски претставници.
Американските војници нема да учествуваат во борбени мисии туку ќе имаат советодавна улога или ќе учествуваат во мисии за медицинска поддршка.
Весникот посочува дека не е предвидено распоредување на пешадија.
Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин наредил околу 2 000 војници да се подготват за потенцијално распоредување во Израел за да помогнат во задачи како што се медицинска и логистичка поддршка, јавува Си-ен-ен.
Наредбата да се биде подготвен за потенцијално распоредување доаѓа откако американската војска го засилува своето присуство на Блискиот Исток, вклучително и распоредување на втор носач на авиони во источниот дел на Средоземното Море кој испраќа борбени авиони на воздухопловните сили во регионот.
Американските воени бродови немаат намера да се приклучат на борбите во Газа или да учествуваат во операциите на Израел, но присуството на два од најмоќните бродови на морнарицата е дизајнирано да испрати порака за одвраќање на Иран и иранските посредници во регионот, како што е Хезболах во Либан.