Зборувајќи пак за отворањето на клубот при Здружението културен центар „Иван Михајлов“ во Битола, тој истакна дека кабаетот е на нашите институции што воопшто регистрирале културен клуб со такво име.
Околу можноста за внесување на Бугарите во Уставот, сите знаеме дека преговорите со ЕУ, во најдобра варијанта траат со години. Последниот пример со Хрватска траеше седум години. Секоја наредна држава која влегува во ЕУ, подолго преговара. И да е се идеално, нема човек кој што ќе виде каже дека сега може да се влезе за две три години. Малкумина се оние кои ќе потврдат дека владата на Петков ќе издржи седум-осум години до нашиот евентуален влез, изјави претседателот Стево Пендаровски во вечерашното гостување во емисијата „Патот кон“ на ТВ Алсат, зборувајќи за спорот со Бугарија.
Во врска со барањето на Бугарија македонските Бугари да се вметнат во Уставот, тој истакна дека македонскиот устав не може да се отвора по потреба секој понеделник.
„Следната влада во Бугарија ќе рече: Ова што потпишала претходната влада, биле предавници на нашата кауза, не нѐ интересира. Од кого да бараме такви гаранции? Не можеме да го отвораме Уставот по потреба секој понеделник“,
истакна Пендаровски.
Претседателот откри и дека македонските претставници во Комисијата за историја биле цел на навреди од страна на нивните бугарски колеги. Како што рече тој, за време на децениските преговори со Грција, такво нешто се нема случено.
„Не се памети дека некој грчки преговарач или соговорник, во тоа време, да дојде и да му каже на македонскиот преговарач – ти не си Македонец. За жал, такви ситуации, неформално, се случувале во историската комисија“,
додаде Пендаровски.
Зборувајќи пак за отворањето на клубот при Здружението културен центар „Иван Михајлов“ во Битола, тој истакна дека кабаетот е на нашите институции што воопшто регистрирале културен клуб со такво име.
„Според мое видување, спорни се два моменти. Прво, името и пред сѐ името, морам да кажам дека тука кабаетот е на нашите институции што воопшто регистрирале институција од областа на културата со такво име и втората маана, според мене, е структурата на делегацијата која дојде од Бугари. Ако во екипата е еден Каракачанов, или една Захариева, кои се архитектите на овој спор, на оваа блокада од Бугарија, мислам дека добрата намера на Петков, со самиот состав на делегацијата и влегувањето во објект кој носи име на докажан фашистички колаборатор, е прилично поткопана или минимизирана“,
рече Пендаровски.