Меѓу соседите е неопходно градење доверба, разбирање и почитување, вели македонскиот претседател
Со кратка порака на Фејсбук, претседателот Стево Пендаровски го осуди чинот на палење на бугарското знаме на „импровизираниот“ карневал во Вевчани, кој во средата беше растурен со полициска интервенција.
„Палењето на знамето на Бугарија за време на карневалот во Вевчани е недопустливо и за осуда. Меѓу соседите е неопходно градење доверба, разбирање и почитување“,
напиша Пендаровски откако вчера дојде веста од Софија дека е упатен остар вербален демарш за овој инцидент до македонското МНР.