На денешната седница на Советот за безбедност не присуствуваше техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев, кој се оправдал со здравствени причини, така што опозицијата, практично, немаше свои претставници
Ситуацијата предизвикана од коронавирусот останува сложена и институциите и натаму будно ќе ги следат ефектите од преземените мерки за заштита и за санирање на економските последици, по прогласувањето на вонредната состојба во земјава на 18 април.
Ова било заклучено на денешната седница на Советот за безбедност, на која беа поканети и министрите од економските ресори и вицепремиерот за европски прашања, кои не се постојани членови на ова советодавно тело на шефот на државата, како и гувернерката на НБРМ, началникот на ГШ на Армијата и првите луѓе на разузнавачките служби. На седницата не присуствуваше единствено техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев, за кој претседателот Стево Пендаровски рече дека го образложил отсуството со здравствени причини. Наместо Чулев, на седницата на Советот за безбедност дојде дополнителната заменик-министерка Славјанка Петровска.

Пендаровски рече дека до заршувањето на вонредната состојба од 30 дена, што тој ја прогласи на 18 март, ќе свика најмалку уште една седница на Советот за безбедност за да се согледаат ефектите од преземените мерки и евентуално да се утврди дали има потреба од продолжување на вонредната ситуација.

Одговарајќи на прашање дали по завршувањето на вонредната состојба е можно да се прогласи кризна состојба на целата територија на државата, како што првично предлагаше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, Пендаровски рече дека таа опција е апсолвирана како неизводлива на претходната седница на Советот за безбедност. Една од причините, како што рече, е тоа што парламентот е распуштен и не може, доколку се наметне како потреба, да донесе одлука за пренамена на средства од буџетот или за задолжување, додека вонредната состојба ѝ овозможува на владата да носи уредби со законска сила.
„Ситуацијата останува сложена, а сите сценарија за идниот развој на настаните се оптоварени од главната непозната, а тоа е колку долго ќе трае пандемијата. Едногласно беше заклучено дека досега имаме адекватна поставеност на државата и ефективна соработка меѓу надлежните служби“,
изјави Пендаровски.

Тој појасни дека на седницата на Советот биле разгледувани различни аспекти од епидемијата. За здравствените аспекти информирал министерот за здравство, за безбедносните претставникот од МВР и директорите на безбедносните служби. Мнистерката за одбрана и началникот на Генералштабот реферирале за ангажманот на Армијата во поддршка на полицијата, министертот за надворешни информирал за враќањето на нашие државјани затекнати во странство, а гувернерката за примена на Уредбата за олеснување на финансискиот товар на фирмите и граѓаните при плаќање на кредитите, за финансиската стабилност на банките, за девизниот курс и за состојбата сои девизните резерви. Претствници на економско- финанскиот тим на Владата и на премиерот реферирале за состојбата со буџетот, сценаријата со различни проекции за следните квартали, како и за последниот екононски сет на мерки со кои се поддржува македонската економија.
„Тешките денови се уште не се зад нас. Апелирам до сите да бидеме смирени, да бидеме рационални, да бидеме одговорни кон нашето здравје и нашите животи и солидарни еден кон друг. Почитувајте ги препораките, останете дома. Излегувајте само кога е неопходно. Немам никакви дилеми дека со заеднички напори сигурно ќе ја победиме епидемијата“,
порача Пендаровски.