Претседателот Стево Пендаровски денеска на прошталната средба со евроамбасадорот во земјава, Самуел Жбогар, разговараше за актуелните состојби во земјата по формирањето на новата влада, како и за приоритетите и реализацијата на реформите во контекст на аспирациите за членство во Европската Унија.
„Претседателот Пендаровски изрази очекување дека во рамки на тековното германско претседателство со Европската Унија ќе се одржи првата меѓувладина конференција, со што ќе се означи и официјалниот почеток на пристапните преговори за членство“,
соопштуваат од кабинетот на Пендаровски.
Претседателот се заблагодарил за ангажманот и силните заложби на евроамбасадорот во изминатите четири години изразени кон државата и нејзиниот европски пат.
„Пендаровски изрази задоволство што за време на мандатот на амбасадорот Жбогар беше донесена одлуката од страна на земјите членки за отворање на пристапните преговори со Северна Македонија“,
информираат од претседателскиот кабинет.