Хрватска останува силен поддржувач за оддржување на првата меѓувладина конференција до крајот на годинава, објави македонскиот претседател, по телефонскиот разговор со Милановиќ
Претседателот Стево Пендаровски нема да патува за Хрватска, каде што требаше да замине во официјална посета во почетокот на следниот месец.
Влошената ситуација со ковид-19 во регионот ја одложи средбата на Пендаровски со својот хрватски колега Зоран Милановиќ.
Претседателот информира на фејсбук дека телефонски разговарал со Милановиќ и дека двајцата се усогласиле да ја одложат планираната средба во Загреб, имајќи го предвид неповолниот развој на состојбата со ковид-19 во двете земји, но и низ цела Европа.
„Хрватска останува силен поддржувач за оддржување на првата меѓувладина конференција до крајот на годинава и формално отпочнување на преговорите на Северна Македонија за членство во ЕУ“,
објави Пендаровски на фејсбук.
Во март годинава, за време на хрватското претседателство со ЕУ, беше донесена одлуката Северна Македонија и Албанија да ги почнат преговорите за членство во ЕУ. Тој процес се очекува да стартува кон крајот на годинава, со одржување на првата меѓувладина конференција, за време на германското претседателство со ЕУ.